Робот кој доставува пица

Еден од најпознатите светски ланци на пицерии Domino's, е меѓу првите кои почнаа да воведуваат иновации, својата промоција почна да ја користи за социјалните медиуми и направи систем на online нарачка со помош на едно копче, а дури и произведе автомобил во кој е интегрирана печка за печење на пица.



Деновиве нивната австралиска подружница го претстави роботот доставувач за чија изградба ги користеа услугите на компанијата Marathon Targets, австралиски стартап кој се занимава со роботика, а велат дека се послужиле и со воена технологија.

Покрај тоа наведуваат дека соработувале и со одделот за сообраќај (Queensland Department of Transport and Main Roads), за да се осигура дека роботот добива се што е потребно за тестирање во сообраќајот.

На крајот дошле до првиот функционален прототип на роботизирано возило под името DRU (Domino's Robotic Unit), кој веќе започна да го тестираат во областа Queensland.

Роботот користи слична технологија како и автономните автомобили на Google, вклучувајќи LIDAR, GPS, систем за избегнување на препреки, технологија за следење која се синхронизира со мапите на Google.

Иако DRU иницијално ќе биде тестиран во Австралија, Domino's наведува дека веќе соработува со глобални партнери, а во одреден број на пицерии би требало да се појави во наредните 6 месеци.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...