За што е загрижен Зукерберг

Facebook со години гради голема база на корисници кои со своите пријатели на оваа мрежа делат голем број на лични информации.

Но тоа во последно време се промени.



Иако голем број на луѓе на оваа мрежа и понатаму претеруваат со голем број на објавени фотографии, во последно време се повеќе корисници на Facebook делат линкови од веб страни, видеа од YouTube и слично, а се помалку објавуваат податоци и фотографии од приватниот живот.

Со оглед на тоа дека многумина на Facebook имаат повеќе стотини пријатели со кои во реалниот живот не се познаваат, повеќе не сакаат со нив да делат приватни информации, па бројот на лични објави во последните години е намален на 21%.

За делење на лични информации сега веќе се користат мрежи како Instagram и Snapchat или пак апликации како WhatsApp и Viber, додека на Facebook се објавуваат информации од поинаква природа.



Корисниците на Facebook не делат помалку содржини од порано, но тие се поинакви, што е причина за загриженост на Зукерберг.

Делењето на оригинални и лични содржини на корисниците е „горивото“ кое ја напојува оваа фабрика за пари. Facebook на тој начин дознава повеќе информации за самите корисници и на основа на тие информации може попрецизно да им прикажува соодветни реклами.

Facebook се обиде на различни начни да го реши проблемот, како воведување на опцијата „на денешен ден“ и слични, а еден од последните чекори е претставување на алатката Facebook Live за видеото да се пренесува во живо кое од неодамна е достапна за сите корисници на ова социјална мрежа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...