Снимање податоци на ДНК – иднината на дата центрите

Tим од компјутерски научници и инженери успеале во ДНК да сочуваат и повторно вчитаат 4 слики. Тоа значи дека во ДНК молекули во група со големина на глава од шпенадла, можат да се сместат над 10 000 гигабајти податоци, со што обемот на дата центрите би се намали за милион пати.



Сите филмови, слики, книги, имејлови, фотографии, твитови, сите типови на дигитални податоци се сместени во огромни дата центри и сервер фарми распоредени на површини од по неколку акри. Со новата технологија на снимање податоци на ДНК, еден таков дата центар би можеле да го сместите на вашето биро бидејќи би бил со големина на коцка шеќер, благодарејќи на научните тимови од University of Washington и Microsoft.

Тоа било постигнато со конвертирање на долги низи на дигитални податоци составени од нули и единици, во четирите основни блокови од кои се изградени ДНК секвенците – аденин, гуанин, цитозин и тимин . Тие податоци биле поделени на повеќе парчиња и складирани со синтетизирање на огромен број на мали DNK молекули, кои можат да бидат дехидрирани (или сочувани на некој друг начин) за складирање на подолг период.

За да повторно се пристапи на снимените податоци, научниците во ДНК секвенците енкодирале еквивалент на „поштенски кодови„ и „улични адреси“. Потоа, ја користеле PCR (Polymerase Chain Reaction) техниката (која се користи во молекуларната биологија) за да ги идентификуваат овие кодови и адреси, и податоците кои се распоредени на случајни места во секвенците повторно да ги спојат во она што оригинално претставувале – слика, видео, или фајл со некаков документ.

За разлика од сегашните флеш и хард драјвови кои се користат во дата центрите, ДНК молекулите можат да складираат податоци со густина неколку милиони пати поголема, и да траат илјадници години.

Бидејќи сега засега ДНК синтетизирањето и секвенцирањето се исклучително скапи процеси, потребни се големи финансиски инвестиции за да тоа се надмине и за да во иднина овој процес на складирање на податоци стане стандард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...