Нови USB-C стандарди за борба против малвери

USB 3.0 Promoter Group објави изработка на нов стандард под називот USB Type-C Authentication, чија основна улога е да ги спречи лошите адаптери и кабли да ви ги спржат уредите, но исто така би можел да биде корисен во борба против USB малверот.

Новиот стандард е развиен по повеќе инциденти кои се случиле во текот на минатата година во кои корисниците известиле дека ги уништиле своите уреди со неисправни USB кабли.

Ова може да изгледа чудно бидејќи USB каблите не би смееле да ги пржат уредите но USB-C каблите се поинакви бидејќи тие во исто време можат да пренесуваат податоци и енергија.

Откако еден истражувач на Google добар дел од своето време го посветил во тестирање на USB-C кабел и го известил Amazon за своето откритие, компанијата одлучи да го исфрли сите нестандардни USB-C кабли и адаптери од својата продавница, а USB-IF дивизијата USB 3.0 Promoter Group креираше нов стандард кој ќе ги спречи произведувачите на пазарот да исфрлаат неисправни USB-C кабли.

Новиот USB Type-C Authentication standard ќе биде интегриран внатре во firmware USB-C уредот и USB полначот и ќе работи како предконекциски систем за автентификација.



Кога корисникот ќе го спои својот уредот со USB-C кабелот, неговиот уред (таблет, паметен телефон или лаптоп) ќе воспостави систем на автентификациска „предконекција“. Уредите меѓу себе ќе разменат информации за своите функции за полнење и видови на податоци кои се пренесуваат и воедно ќе проверат дали другиот уред е направен од страна на произведувачот кој IBF-IF го авторизирал.

Таа информација се испраќа со енкриптиран 128-битен енкрипциски клуч, и се појавува пред да започне размената на податоци или енергија меѓу двата уреда.

Ова функционира само на USB-C компатибилни уреди кои ќе потрајат некое време додека сите да се преселиме на така наречениот „универзален“ USB стандард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...