Во Телеком продавниците поставени се канти за дотраена електронска опрема

  • Граѓаните ќе можат да ја одложат старата електрична и електронска опрема во 12 Телеком продавници ширум државата

Македонски Телеком постави специјално дизајнирани садови, односно канти во 12 продавници низ државава, во коишто ќе може да се собира отпад од електрична и електронска опрема. Пет канти за електричен и електронски отпад се наоѓаат во Телеком продавниците во Скопје (Капитол, City Mall, Рамстор, Карпош и ГТЦ), додека останатите 7 се лоцирани во салоните во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Гоствар, Охрид и во Струга.

Граѓаните во специјално дизајнираните канти ќе можат да ја одложат дотраената или нефункционална опрема за информатичка технологија и телекомуникации, како што се стари мобилни телефони. Останатиот поголем електричен и електронски отпад (фиксни телефони, тастатури, лаптоп, персонални сметачи и слично) корисниците ќе може да го оставаат во Телеком продавницата која што се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

Досега, граѓаните имаа можност во Телеком продавниците да ги оставаат само дотраените отпадни батерии. Со новиот проект за обезбедување на садови, односно канти за електричен и електронски отпад, Македонски Телеком ја подигнува свеста кај граѓаните и ги стимулира да се однесуваат одговорно кон животната средина преку селектирање на различен вид на отпад, којшто произлегува од забрзаниот развој на информатичката технологија и телекомуникациите. Од друга страна, како компанија кој што го поседува сертификатот ISO 14001:2004, Македонски Телеком ја покажува својата општествена одговорност и посветеност за заштита на човековата околина, доследно исполнувајќи ги одговорностите коишто произлегуваат од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...