Wattly – компјутер кој овозможува чиста вода, електрицитет и интернет

Италијански претприемач го претстави прототипот на Watly, 15-тонски термален компјутер кој може да биде клучен за решавање на главните предизвици во развојот на Африка (и останати неразвиени земји) – пристап до чистата вода, електрицитет и интернет конективност.

Watly е опремен со фотонапонски соларни панели кои произведуваат топлина и соларна енергија. Кога во неговиот резервоар се пумпа непрочистена вода, тој ја прочистува по пат на компресија на пареа и нејзина дестилација – процес со кој соларната термална енергија се користи за испарување на водата и изолирање на загадувачките материи од неа (од соли до разни отрови). Една Watly машина ќе може да прочисти до три милиони литра вода годишно, а животниот век би и бил до 15 години.

Напојувана од соларните панели, машината ќе може да собира и генерира доволно електрицитет за себе и за останати уреди кои би се вклучиле во неа, додека за интернет конективност таа би била споена со централна мрежа, овозможувајќи и да креира WiFi зона со домет од околу 500 метри. Корисниците ќе можат да бидат онлине и со користење на екраните кои се наоѓаат на секоја од страните на Watly.



Тимот кој стои зад овој проект има намера (преку продажба на локалните влади) да ги постави Watly машините во реони во Африка каде што населението нема пристап до чиста вода, како и во поразвиените рурални средини каде пристап на интернет имаат само околу 28% од населението

Последната верзија на Watly (3.0) веќе се произведува во Италија, и се очекува да биде готова до Јуни. Цената за производство на само една машина е $453 000, а сè уште не се знае која ќе и биде цената кога конечно ќе се појави на пазарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...