Ховербоард на млазен погон

Во последните неколку години повеќе пати имавме можност да видиме проекти чија цел беше на пазарот да донесат hoverboard, односно летачка или лебдечка даска за превоз на луѓе, какви што можевме да гледаме во SF филмовите.



Најуверлив таков проект до сега имаше Catalin Alexandru Duru, кој на својата летачка мултикоптер даска на електричен погон постигна светски рекорд во ховербордингот со тоа што прелета 275,9м на височина од неколку метри над вода.

Проектот кој го развива францускиот џет-ски првак Френки Запата е уште поинтересен бидејќи неговата даска наместо електричен погон користи млазен, што делува како навистина да стоите на jetpack.

Инаку неговата компанија Zapata Racing произведува и продава опрема за flyboarding, односно летање при кое искачувањето се добива со млазови вода, но Flyboard Air не работи на тој принцип.



Запата неодамна објави видео во кое можете да го видите тестниот лет со неговиот Flyboard Air во траење од 3,55 минути при што постигнал најголема брзина од 55 км на час и со висина од некои 30 метри.

Тој за сега не сака да открие детали за моторот, погонот и системот на управување на својата лебдечка даска, но податоците кои ги изнесува се доволно импресивни, па вели дека Flyboard Air може да лета до висина од 3.000 метри и да постигне најголема брзина од 150 километри на час и да лета 10 минути.

Дали видеото е реално или филмско останува времето да покаже. Но во секој случај е одлична реклама за Zapata Racing бидејќи видеото е вирално и погледнато повеќе од 3 милиони пати на YouTube.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...