Камера во форма на флексибилен лист

Истражувачите од Computer Vision Lab од Columbia University развиле камера во форма на флексибилен лист, која може да се залепи на било која површина како лепенка/тапет, што би и овозможило да снима слики од досега невозможни агли.

Потенцијалот на една ваква технологија, според истражувачите, е огромен. Ваквата „хартија“ би можела да се обмотува околу автомобил, со што на возачот би му овозможила видик од 360 степени околу возилото, или пак да се користи како џебна камера со големина на кредитна картичка.



Инаку, листовите се изработени од прилагодливи низи на сочива со различни фокусни должини, што спречува „дупки“ во сликата кога листот е свиткан.

Наредно што научниците планираат да го истражат е како еден ваков систем би функционирал кога би бил залепен на нешто што комплексно се движи и деформира – како што е човечкото тело.

На пример, истражувачи од Tokyo University of Tokyo развиле електронска кожа (e-skin), која е ултра тенка, ултра флексибилна, и направена од слоеви од silicon oxynitrite и parylene. Овие слоеви обвиткуваат 3мм тенки електронски уреди наречени PLED (Polymer Light Emitting Diodes) и OPD (Оrganic Photodetectors), штитејќи ги од разни оштетувања од вода и воздух.

Секоја малечка диода функционира како посебен пиксел, и кога повеќе од нив ќе се вклучат, креираат дисплеј кој може да прикажува бројки или (едноставни) слики. Вакво нешто би можело да се користи како smartwatch или фитнес тракер кој е залепен за вашата кожа, но и за изработка на медицински уреди кои би го прикажувале нивото на шеќер во крвта (за дијабетичари), и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...