NASA со план за суперсонични патнички авиони

Суперсоничните летала се способни да патуваат побрзо од брзината на звукот, и досега единствен таков комерцијален авион е Concorde (Конкорд), кој првиот лет го имал во 1976-та, а престанат е со летање и производство во 2003-та. Ако лет со обичен авион од Лондон до Сингапур траел 17ч., со Конкорд-от траел само 7 (со брзина при полетување од 400км/ч и брзина при крстарење од 2100км/ч, дупло повеќе од брзината на звукот). Но поради економската неисплатливост неговото производство запре, а многумина се согласуваат дека тој претставувал револуционерна пресвртница во полето на воздухопловната технологија, но се појавил во сосема погрешна ера.



Со декади, NASA работела на развивање на ваков тип на летала, но запрела и напредокот што го постигнала го споделила со остатокот на индустријата за да го комерцијализира.

Сега, NASA повторно ја активира програмата наречена X-Plane, и ќе развива потивка и по еколошка верзија на Конкорд-от, бидејќи како едни од најголемите пречки за негова масовна подршка биле неговата гласност (т.н соничен бум), како и штетата која ја предизвикувал врз озонската обвивка.



X-Plane иницијативата наречена „Нови воздухополвни хоризонти“ (New Aviation Horizons) се обврзува да ги реши овие проблеми, а очекувањата се дека дизајнирањето и создавањето на новите модели ќе трае неколку години, со први (тест) летови не порано од 2020-та (во зависност од финансирањето).

Првиот договор кој е дел од оваа иницијатива е потпишан со компанијата Lockheed Martin, на која и се доделени 20 милиони долари за развивање на потивок суперсоничен патнички авион, кој ќе треба да користи дупло помалку гориво од сегашните патнички авиони, во комбинација со еколошко гориво или некој друг „зелен“ начин на напојување (соларен и сл.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...