Алгоритми му дозволуваат на робот да се движи по разни терени

Познати ни се опасните Boston Dynamics (Google) двоножни ATLAS роботи за спасувачки, полициски и воени намени кои во последните неколку години се многу спретни и не создаваат непријатно чувство кога ги гледаме додека се движат по шуми, брда и разни други теренски услови.



Научниците од Универзитетот Мичиген исто така имаат свој двоножен робот под името MARLO, но тој служи како роботска платформа за тестирање на напредни алгоритми за одење, кои му овозможуваат совршено да се движи на терен со најразлична тврдина и нагиб, преполн со дупки и препреки и е во состојба да се движи во сите насоки, а не само право.

За разлика од роботите на Google кој го финансира американската воена агенција DARPA, поради што е јасно дека сакаат да направат Терминатор, MARLO не е наменет за лов на луѓе бидејќи идејата на научниците е да вградуваат роботска протетика која еден ден ќе им овозможи движење на луѓето кои не можат да се движат без разлика на степенот на нивниот инвалидитет.

Нивниот софтвер за движење се разликува од останатите кои се вградуваат во другите двоножни роботи по тоа што содржи голем број на напредни алгоритми опремени со различни инструкции за различни стилови на одење.



Со анализирање на податоците добиени од сензорите во колената, колковите и торзото MARLO во овој момент може да се прилагоди на теренот со користење на еден од 15 предпрограмирани стилови и да се усклади со сите видови терени.

Основната брзина и насока на движење ја одредува човечки оператор со помош на Xbox контролер но се друго MARLO извршува сам.

Научниците велат дека оваа технологија својата прва намена може да ја најде во роботската протетика наменета за луѓето со ампутирани носе под коленото.

.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...