3D принтер на Disney за принтање на цели модели одеднаш

Disney Research го патентираше својот дизајн за 3D принтер кој принта „речиси моментално“, а кој користи светлина за да произведе комплетен модел (одеднаш, не слој по слој) од стереолитографски (STL) фајл.



Моментално, 3D принтањето е исклучително споро и одзема многу време – на пример, за објект со висина од 10 до 30 см и дијаметар од неколку сантиметри, потребни се неколку часа додека се испринта, бидејќи процесот кој го користат конвенционалните 3D принтери е лимитиран од брзината на механизмот кој ја мрда главата за принтање во секоја нова позиција на слојот кој што се принта.

Фотосензитивната резина која ја користи принерот на Disney реагира исклучиво на одредени бранови должини на светлината, со цел да не реагира кога е експонирана на амбиентална светлина. Принтерот ја проектира светлината во контејнерот во кој се наоѓа резината и има доволно простор да го собере целиот модел кој се принта, и откога процесот ќе заврши моделот само се вади од контејнерот. Во неколкуте направени тестови, овој принтер ги произведувал објектите во рок од неколку минути, наместо за неколку часа.

Disney Research исто така ја осигурува ексклузивноста на оваа технологија со пополнување на уште еден патент кој би ги оневозможувал неавторизираните компании да го копираат овој принтер со тоа што ќе вградува RFID (passive radio frequency identification) чипови во секој принтан објект, при што неговото потекло лесно ќе може да се идентификува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...