Ross: Првиот „вештачки интелигентен“ адвокат

Адвокатската фирма Baker & Hostetler објави дека го „вработиле“ Ross, AI-то (Artificial Intelligence/Вештачка интелигенција) на компанијата IBM, да се занимава со стечајна пракса, со што моментално кај нив тој дел го работат околу 50-тина адвокати.



Ross е „првиот вештачки интелигентен адвокат“ во светот и е изграден врз база на Watson, когнитивниот компјутер на IBM. Тој е способен да го чита и разбира англискиот јазик, да сугерира хипотези кога му се поставуваат разни прашања, како и да истражува и генерира одговори (заедно со референци и цитати) за да ги поддржи своите заклучоци. Ross исто така учи и од сопственото искуство, а знаењето и брзината сè повеќе му се зголемуваат преку поголема интеракција со луѓето.

На пример, доколку му се постави прашање (на англиски), Ross прво го чита/поминува целото законодавно тело, а потоа враќа одговор поддржан со цитати и тематски читања од законодавството, судската пракса, како и од секундарни извори. Дополнително, тој постојано ги прати измените во законите и ве известува доколку постои некоја нова судска одлука која би можела да влијае на вашиот судски случај.

Од Baker & Hostetler веруваат дека новите технологии како когнитивните компјутери и останати форми на машинско/компјутерско учење ќе им помогнат да ги подобрат сервисите кои ги нудат на своите клиенти, и се горди што се партнери со еден од вистинските лидери во индустријата со чија помош ќе продолжуваат да развиваат дополнителни правни асистенти со вештачка интелигенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...