Android со новата надградба конечно доби практична корист од Google Translate која корисниците долго ја очекуваа.
Tap to Translate опцијата овозможува автоматски превод на текстот во апликацијата во која се чита, а веќе да не мора да се излегува од текстот и да се отвора Google и неговиот преведувач за да се открие што значи поединечен збор но и целиот текст.
Па така од сега кога ќе копирате текст на странски јазик, автоматски ќе се појави прозор кој овозможува превод, а да не морате да ја напуштате апликацијата која моментално ја користите.
Освен тоа, Google мислеше и на корисниците на iOS, па тие имаат offline јазични пакети кои можат да ги преведуваат без интернет врска. Датотеките во тој случај, секако ќе мора однапред да ги преземете.