High end VR системите како Oculus Rift и HTC Vive се навистина феноменални гаџети кои за еден чекор не доближуваат до иднината на Star Trek holodek, но нивното користење бара да имате голем буџет како за самиот headset, така и за компјутерот кој тоа ќе го стартува.
Од таа причина тешко е да се очекува дека ќе се залетаме кон продавниците за да набавиме некој од тие два VR системи, но тоа не значи дека мораме да бидеме лишени од VR бидејќи на пазарот се нудат и алтернативни решенија кои пристигнуваат во облик на headset-и во кои се става паметниот телефон кој ги интегрира VR очилата и компјутерот во еден гаџет.
Меѓу тие системи сепак постојат некои разлики, па така најевтината верзија на VR headset Cardboard се прилично симпатично нешто, но за да можете да се доближите до квалитетното VR играње кое го нудат Rift и Vive најдобра и најквалитетна опција засега е Samsung Gear VR headset.
Секако за да уживате во благодетите на VR игрите и апликациите освен headset треба да имате и квалитетен и компатибилен телефон на Samsung (Samsung Note 5, S6, S6 Edge, S6 Edge +, S7 или S7 Edge), но со оглед дека тие уреди се продаваат многу постои голема веројатност дека еден од нив поседувате или барем го има некој во вашето семејство.
Затоа не не чуди податокот кој деновиве го објави шефот на Oculus, Palmer Luckey, кој изјави дека во изминатите месец дена дури милион луѓе ширум светот користеле Gear VR.
Иако Gear VR нема да понуди полн квалитет на high-end системите како Rift и Vive, за него постојат многу квалитетни игри како EVE: Gunjack, Land's End, Dreadhalls i Gone, а тука се и бројни апликации на Netflix и VR веб прегледниот.