Претворете го секој часовник во паметен

Ако на својата рака носите некој подобар и поскап класичен рачен часовник, веројатно не ви паѓа на памет дека би можеле да го замените со паметен, без разлика на сите технолошки функции и можности кои ви ги нуди.



Тимот од канадската компанија Wearatec од Торонто, се досети како постоечкиот рачен часовник да го спои со хардверскиот додаток за „станување паметен“, па произведе гаџет под називот LINK.

Овој гаџет е дизајниран така да може да се спои на копчето на металното ремче на рачните часовници од 18 до 26 мм ширина, а во себе носи бројни паметни функции.

Меѓу паметните функции ќе добиете поврзување со паметен телефон преку кој ќе добивате нови известувања од апликацијата, а интересна е и можноста за користење на гаџетот како далечински за управување со други уреди како компјутер, таблет и паметен телефон.



Тука исто така се и фитнес сензорите и тракерите, а произведувачите не заборавиле да го вклучат и системот за безконтактно плаќање и NFC за да можете да извршувате сигурносни трансакции, отклучување на врата, уреди и други нешта.

Покрај тоа LINK е опремен и со дигитален микрофон па со него можете да управувате со својот дигитален асистент на телефонот или да го користите како диктафон.

LINK моментално се наоѓа во системот на crowdfunding на Indiegogo, каде би требало да собере 50.000 долари во следните денови. Доколку сте заинтересирани можете во кампањата да вложите 200 долари па ќе го добиете во декември 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...