3D принтање на метал со ласери во воздух

Голем број на продукти направени со користење на технологијата за 3D принтање (како човечки коски или делови за ракетни мотори) го имаат трансформирано и продолжуваат тоа да го прават светот на подобро. Потенцијалот е практично неограничен, и во многу скоро време нема да се прашуваме само „што сè може да се се испринта?“ туку и „на кој сè начин може да принтаме?“



Во скорашно соопштение за медиумите, научници од Wyss Institute for Biologically Inspired Engineering објавиле дека конструирале нов 3D принтер кој користи кондуктивно метално мастило со кое што можат да се создаваат комплексни архитектури и електронски уреди – и тоа со принтање „во воздух“. На тој начин, ќе можат да се создаваат модели кои би биле невозможни со традиционалните методи за 3D принтање.

Овој принтер има млазница/прскалка со облик на пенкало,која може да се позиционира по x,y, и z оските, која користи мастило составено од сребрени наночестички, врз кое што кога излегува од неа истовремено преку прецизно програмиран ласер му се врши процесот наречен „annealing”, поточно топлински третман кој ги подобрува физичките (и некогаш хемиските) карактеристики на материјалот со цел да се омекне и да му се зголеми еластичноста. Овој процес вклучува загревање на материјалот над неговата температура за рекристализација, и потоа негово ладење.

Сребрените жици кои биле испринтани покажувале одлична електрична спроводливост, што истражувачите сметаат дека може да доведе до речиси неограничени апликации – високо модифицирани електронски делови, биомедицински уреди, како и разни архитектонски решенија се само дел од продуктите кои може да се реализираат со овој 3D принтер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...