Nokia се враќа на сцена

Откако Microsoft објави дека го препушта бизнисот со „глупави“ мобилни на Foxconn, компанијата ќерка на HMD Global Oy, се огласи Nokia која вели дека на истата компанија на 10 години ги изнајмила правата за користење на својот бренд во доменот на паметни телефон и таблети.



Тоа значи дека на пазарот наскоро би може да се појават уреди со името Nokia, а на сите заедничко би им било тоа што ќе работат на Android OS.

HMD во следните три години планира да инвестира околу 500 милиони долари во развој и промоција на нови производи, а улогата на Nokia во тој проект ќе биде ограничена на тоа да во управниот борд на HDM седат неколку нејзини членови на кои главна работа ќе им биде грижата новите уреди со квалитет да го оправдаат користењето на името Nokia.



Треба да се нагласи дека HMD нема да ги изработува уредите, туку телефоните и таблетите ќе ги произведува друга компанија на Foxconn, под називот FIH Mobile, а освен самото име на брендот Nokia според договорот HMD ги отстапи и своите бројни мобилни патенти.

За сега не е познато кога на пазарот би можел да се најде првиот нов уред на брендот Nokia.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...