Систем за постигнување на „невидливост“

Rochester Cloak (Рочестерска наметка) e експеримент со кој што се симулира „невидливост“ со помош на неколку сочива и e дело на истражувачите од University of Rochester. Тие сега го унапредиле со користење на дисплеи со рамен екран, со чија помош одреден предмет пред кој што се псотавени може да се направи „невидлив“ преку проектирање на позадината на дисплеите, под агол кој се менува како што се менува позицијата на набљудувачот.



Основниот концепт со кој што овој ефект се постигнува е префрлање на светлината околу предметот кој треба да е „невидлив“, а во споредба со останатите системи за негово постигнување кои бараат егзотични материјали и висока технологија до која не секој има пристап, системот на истражувачите од Rochester користи веќе постоечки камери и дисплеи до кои лесно се доаѓа.

Oвој систем користи камера со која што се скенира позадината, и потоа таа информација се енкодира на начин што секој пиксел на екранот нуди уникатен поглед на одредена точка на позадината, од секоја позиција во која што се наоѓа набљудувачот. Потоа, на екран од пластика направен од лентикуларни леќи се рекреираат повеќекратните слики од позадината кои коренспондираат со позицијата од која што се гледаат, па така ако набљудувачот се помрдне на лево, секој дел од позадината го прави истото со што се создава илузија дека екранот го нема, и дека секој предмет кој што се наоѓа зад него е „невидлив“.



Сега засега за скенирањето на позадината се потребни неколку минути додека биде завршено, па додека се процесира и се обнови сликата на екранот, но во иднина се планира сето тоа да се случува во реално време.

Со користење на оваа метода (откога ќе се усоврши), би било возможно одреден предмет (на пр. автомобил) да се направи „невидлив“ со тоа што ќе биде прекриен со камери/сензори од едната страна, и малечки сочива т.е „пиксели“ од другата страна. Камерите ќе ја снимаат позадината и ќе ја проектираат на сочивата свртени према набљудувачите, така што од нивна гледна точка дури и ако се движат ќе изгледа како возилото воопшто го нема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...