Skyn – „тракер“ за алкохол во крвта

BACtrack компанија позната по нивните апарати за приватна и професионална употреба за анализирање на здив ја добила првата награда од $200 000 на натпреварот за најдобар биосензор за алкохол, организиран од NIH (National Institute of Health).

Нивниот продукт е наречен Skyn, има изглед сличен на популарните фитнес тракери кои се носат околу зглобот (како Fitbit), а во него има вградено биосензор кој континуирано го надгледува нивото на алкохол во крвта и податоците ги испраќа преку Bluetooth до смартфонот, кои мерења потоа можат да се проверат на Skyn апликацијата. По подолг период, апликацијата може да креира и историја на внесот на алкохол.



Уредот функционира на тој начин што го детектира етанолот кој испарува преку кожата, што значи методата е комплетно неинванзивна. Лошата страна е што за да точно ги отчита мерењата, потребни се околу 45 минути за алкохолот да помине низ кожата.

Skyn ќе продолжи да се усовршува, и во секој случај ќе биде исклучително корисен за индивидуи кај кои треба одблиску да се надгледува нивниот внес на алкохол и навиките за пиење (на пр. кај лица кои пијат одредени медикаменти или имаат здравствени проблеми кои се влошуваат по одредена количина на алкохол), а ќе биде способен да го предупредува оној што го носи или неговите најблиски доколку има пиено кога не треба (на пр. кратко време по земање на некој лек, или доколку треба да вози и сл.).

Моментално, компанијата сè уште не го поднела прототипот на одобрување од FDA, меѓутоа планира при крај на годинава да почне да го продава уредот во ограничени количини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...