Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“

  • Опремена е читалната во реновираниот блок „Б“
  • Донацијата е во износ од над 900 000 денари

Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Државен студентски дом „Скопје“). Опремата од компјутери, ТВ уреди, печатачи и телеком услуги е достапна за сите студенти во читалната во реновираниот блок „Б“.

„Основниот мотив на Македонски Телеком за донацијата е поддршката на младите и образованието и унапредувањето на информатичкото општество. Со опремувањето на читалната со компјутери, телевизија и интернет, студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење“. – изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.



Донираната опрема е во вредност од над 900 000 денари. Инсталирани се и вмрежени 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреда и два печатачи. Обезбедена е и опрема за безжичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot, MaxTV пакети и два телевизиски пакети Max Sport+.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.



„Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области.“

Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршка и развој на дигиталното општество и унапредувањето на животот и образованието на младите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...