Нова услуга на Македонски Телеком MaxTV GO

  • Најдобрата интерактивна телевизија MaxTV отсега достапна од кој било уред
  • MaxTV GO нуди комплетно ново ТВ искуство на смартфон, таблет или компјутер
  • Услугата е наменета за корисниците на Magenta 1 и Magenta 1 Business пакети

Македонски Телеком воведе нова услуга MaxTV GO со која на своите Magenta 1 корисници им овозможува да ја гледаат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV од кој било уред, каде и да се. Со новата услуга, сите љубители на спортот ќе можат да ги следат напреварите на Европското првенство преку смартфон и таблет со MaxTV GO мобилната апликација (достапна на Google Play Storeи Apple Store), или пак преку компјутер на www.maxtvgo.mk.

MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, односно до 60 национални и странски тв канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, новата услуга ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени тв канали, потоа преглед на содржини од последните 3 дена за одредени тв канали, електронски програмски води, како и потсетници за омилените содржини.

Услугата MaxTV GO е наменета само за корисниците на Magenta 1 и Magenta 1 Business. Во промотивниот период до 01.09.2016 година MaxTV GO е достапна бесплатно, со сите напредни функционалности и со вклучен сообраќај од 10 GB за следење MaxTV преку смартфон.

Повеќе информации за MaxTV GO услугата може да се добијат на веб страницата на Македонски Телеком.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...