Чипови со биолошки принципи идентични на мозочните

После скоро 10 години инкогнито работење, Daniel Goldin, еден од поранешните директори на NASA, конечно на светот ја претстави неговата компанија KnuEdge.

KnuEdge e компанија за иновација на невралната технологија, која ќе прави хардвер и софтвер базиран на оваа технологија, со главен фокус на интеракцијата помеѓу човекот и машината. Иако последнава деценија компанијата работела далеку од очите на јавноста, веќе има фондови од над 100 милиони долари наменети за финансирање на изградба на неврални чипови.

KnuEdge ги претставиле двата примарни продукти: KnuVerse (технологија за автентификација на глас) и KnuPath , најсовремен неврален чип.

Инспирацијата за KnuPath доаѓа од начинот на кој што функционира мозокот од внатре, поточно чипот е направен на истите биолошки принципи кои мозокот ги користи за разните „пресметки“. Првиот модел од овој чип има 256 јадра, од кое секое може да пресметува различен алгоритам, за потоа тоа да го прави и симултано, бидејќи сите јадра се меѓусебно поврзани. Тој може да се поврзе со 512 000 уреди истовремено, со траење на одложената интеракција од само 400 наносекунди.

KnuVerse, пак, е развиен од воена технологија за препознавање и автентификација на глас, и се фокусира на биометриската страна. Способен е да елиминира позадински звукови, што дозволува користење и во екстремно гласни околини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...