Superflex егзоскелет

Компанијата SRI International (која произведува роботски костуми кои можат да се носат, како и други типови на облека наменети за помош на војниците при носење на тежок товар, или на постарите лица за вршење на секојдневните обврски) го престави нивниот егзоскелет наречен Superflex.

Моменталниот прототип е во форма на меко одело кое покрива поголем дел од телото и обезбедува поддршка и зајакнување на нозете, рацете и торзото, во моменти кога е потребно да се редуцира влијанието на товарот врз телото.

Superflex оделото користи пакет на сензори преку кои ги „учи“ индивидуалните стилови на движења на носителот, и безбедно ја вклучува моќноста во точниот момент кога тоа е потребно. Како резултат на тоа, неговите батерии траат многу подолго (иако компанијата не ја дава бројката колку е тоа) отколку што би траеле доколку Superflex е постојано вклучен и со полна сила помага за секој чекор или движење.

На постарата генерација или пак на индивидуи кои имаат редуцирана мобилност поради некоја повреда или болест, Superflex може да им ја врати и мобилноста и независноста, со што значително ќе им го зголеми квалитетот на живот. На пример, со него старите особи ќе можат повторно без проблеми да се качуваат по скали (нешто за кое што досега им требале помагала како бастуми, штаки, „walker”-и и слично), а вакво одело исто така може да ја зголеми продуктивноста и да го намали ризикот од повреди на одредени работни места (магацини и сл. каде што за извршување на работата е потребен постојан физички напор)


Финалниот изглед како и цената сè уште не се определени, бидејќи компанијата е во потрага по опции за негова комерцијализација. За да се облече прототипот, потребни се околу 5 минути, но се планира дека за комерцијалната верзија ќе требаат околу 2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...