9 најчести интернет измами поради кои многумина остануваат без пари

Секојдневно се соочуваме со безброј реклами и понуди кои не само што ни се појавуваат на социјалните мрежи, туку ни пристигнуваат и на нашите електронски адреси. Повеќето од нив се финансиски измами, а понекогаш и отворени кражби. Со цел да не бидете дел од овие измами, ви ги прикажуваме најчестите измами.



Нигериска измама или 419

Многу е неверојатно што една вака провидна измама некогаш заживеала. Вистинското интернет чудо, т.н. нигериска превара, шема или 419, постои со години и е уште најуспешна и најпозната. Името го добила по членот во нигерискиот кривичен закон, кој ја дефинира измамата како кривично дело. Според некои податоци, измамниците со помош на оваа шема заработуваат неверојатни 12.7 милијарди долари годишно. Обично најпрво ви пристигнува мејл од член на богата нигериска фамилија (користат и други западно африкански држави) кој ви пишува дека починал некој важен и поради сигурносни причини сака да ги извлече парите од земјата. Привремено би ги ставил на вашата сметка и за тоа е спремен да плати голема сума, само однапред треба да уплатите многу мал износ провизија.

Што да направите: Игнорирајте го и никогаш на никого преку мејл не давајте лични податоци ако не сте сигурни со кого комуницирате.

Одобрено ви е

Ви пристигнува порака во која се тврди дека сте кредитно способни за заем од банка, само при потпишување на документите мора да уплатите мал износ за трошоци. Иако се чини дека исто така е провидна како и нигериската измама, оваа е многу успешна, особено меѓу луѓето кои имаат финансиски проблеми.

Што да направите: Банките навистина наплатуваат годишна членарина за кредитни картички, но не на овој начин. Тие никогаш не ја проверуваат вашата кредитна способност без да побарате кредит.

Phishing (Ловење)

Добивате мејл од компанија која ви е позната, на пример банка или продавница од која често купувате. Пораката ве води на страна каде што е потребно да ја напишете вашата адреса на меил и лозинката, а преку тоа им ја откривате и на измамниците. Phishing шемите се веројатно најчест облик на измама на интернет. Се сомнева дека е извршена огромна хакерска провала во американскиот трговски ланец Target, во кој се искрадени милиони податоци за електронските адреси и кредитните картички на купувачите.

Што да направите: Никогаш не кликајте на линковите во несигурните мејлови, бидејќи ќе го изложите компјутерот на вируси . Иако се чини дека компанијата која праќа мејл е позната и сигурна, тоа е измама, бидејќи легитимните компании никогаш не го прават тоа на таков начин. Основните лични податоци на нивните страници може да ги внесувате, само ако претходно сте потпишале некој вид на договор.

Хуманитарна помош

Кога се случува некоја голема елементарна непогода, на мејл може да ви пристигнуваат молби за донации во фондови за помош на жртвите. Мислејќи дека донирате пари, може да го откриете бројот на вашата картичка и други податоци за плаќање на криминалците.

Што да направите: Донирајте, но само преку проверени институции. Веб страната charitynavigator.org е добро место за проверка на хуманитарни организации.



Патувања

Социјалните мрежи се отворени за криминалците, бидејќи сега може да привлечат жртви со добри фотографии на Pinterest, Twitter, Instagram, Facebook и да ги измамат дури и искусните патници. Кога ќе кликнете на прекрасната слика која рекламира бесплатни патувања или авионски карти, ќе ве замолат да пополните анкета со многу лични податоци или да го напишете вашиот мејл, па да се најавите на истиот, со што ја изложувате лозинката на криминалците.

Што да направите: Сите големи авиокомпании и оператори во туризмот имаат профили на социјалните мрежи, но треба секогаш да проверите дали се поврзани со нивните вистински веб страници. Не верувајте на линковите на Twitter и слични трикови со кои ја користат вашата деконцентрираност.

Помош на должниците

Луѓето кои се нашле во ноќна мора од презадолженост лесно паѓаат на пораки во кои измамниците тврдат дека може да им помогнат да им го намалат долгот. Се што се бара од вас е уплата на мал аванс за оперативни трошоци.


Што да направите: Како што е случајот и со мејловите во кои се нудат кредитни картички, не давајте никакви податоци за финансиите, особено ако сте во финансиски проблеми.

Лотарија

Честитаме! Добивте на лотарија! Освен што не добивте... Лажните мејлови стигнуваат наеднаш од измислени меѓународни компании за игри на среќа и тврдат дека мора да пратите само мал износ за трошоци или да го контактирате некого кого ќе плати во ваше име, ако вие не можете.

Што да направите: Не треба да ви објаснуваме дека не сте добиле на игра на среќа, ако не сте играле. Кога ќе добиете, вие сте тие кои ги барате нив, а не тие вас.

Лажна уплата

Сте продавале нешто на интернет и ви се јавуваат дека личноста која ја дала најдобрата цена уплатила повеќе пари отколку што треба. Ви праќаат чек на кој се гледа износот и ве молат да ја вратите разликата. Но – чекот е лажен и откако ќе ги пратите парите, мора да го уплатите целиот износ.

Што да направите: Никогаш не прифаќајте износи поголеми од цената која продавате на интернет и бирајте сигурни начини за онлајн плаќање.

Преку Facebook работете од дома

Голема е веројатноста во последно време да сте добиле понуда на мејл во која се тврди дека Facebook лансирале нова програма преку која корисниците може да заработуваат од дома. Се работи за лажна понуда. Линкот ве носи на лажна веб страница на која измамите бараат уплата од 4 долари за почетен комплет на Facebook Millionaire, а со ситни букви на дискретно место ви пишува дека месечно за 94 долари, кои тие ќе ги повлечат од вашата картичка, ќе добиете целосен пристап на програмата.

Што да направите: Како и во гореспоменатите случаи, воздржете се од отворање на линкот, не ги давајте своите картички и може да пријавите на Facebook.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...