„Жив ѕид“ кој што дише без никакви механички компоненти

Проектот на Тобиас Бекер наречен „Кожи кои што дишат“ (Breathing Skins Project) е базиран на концептот на биомимикријата – технологија инспирирана од органските кожи кои ја прилагодуваат пропустливоста со цел низ нив да поминува светлина, материја, како и температура, помеѓу надворешниот и внатрешниот дел.



Фасадата која што ја изработил функционира така што ја зголемува и намалува големината на отворите распоредени низ целата нејзина површина, на начин сличен како што порите на кожата се отвораат и затвораат. На секој квадратен метар од фасадата која „дише“, се наоѓаат 140 канали за воздух, опишани како „пневматски мускули“. Овие мускули дозволуваат одредена количина на воздух, светлина и видливост, во зависност од желбите на корисникот.

Технологијата се состои од две стаклени површини кои „во сендвич“ ги ставаат пневматските мускули, за чие отворање е доволна само мала разлика во притисокот во воздухот – тоа значи дека за функционирање на овој „жив ѕид“ не се потребни никакви механички компоненти.



Овој проект е всушност дипломската работа на Тобиас на Универзитетот во Штутгарт, по која што добил спонзорство од разни компании, институции и фондации, кои му овозможиле да ја доусоврши. Моментално е изложена во изложбен простор во Mandelbachtal во Германија и има добиено голем број на награди од која најновата е номинација за Green Product Award – што е доказ дека нуди фантастичен потенцијал како опција за вградување градежните објекти во иднината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...