Девет Кански лавови за „Sea Hero Quest“

  • Огромен успех и позитивни реакции за добротворната кампања на Групацијата Дојче Телеком и мобилната апликација Sea Hero Quest
  • Од нејзиното глобално воведување, играта Sea Hero Quest е преземена околу 1,6 милиони пати
  • Вкупното време поминато во играње изнесува 30 години, при што се генерирани податоци за коишто би биле потребни повеќе од 4.500 години при слично лабораториско истражување.

На овогодинешниот Меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions – најпрестижниот настан во рекламната индустрија – Дојче Телеком и агенцијата Saatchi & Saatchi добија девет награди - еден златен, пет сребрени и три бронзени Лавови за „Sea Hero Quest“. Играта за мобилни телефони е креирана во партнерство со Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија, добротворната организација Alzheimer’s Research и развивачите на игри Glitchers.

Ова претставува успех и за Македонски Телеком кој играта „Sea Hero Quest“ ја промовираше и во Македонија, со што се придонесе за што помасовен одѕив на кампањата и подигнување на јавната свест за растечкиот тренд на деменцијата и се поголемата потреба од истражувања за нејзино откривање и третман. Во рамките на кампањата беше вклучена и стручната јавност - невролози и други експерти во областа.

Од аспект на остварените резултати на светско ниво, од нејзиното воведување, пред само неколку недели, до сега, играта е преземена околу 1,6 милиони пати. Вкупното време поминато во играње изнесува 30 години, при што се генерирани податоци за коишто би биле потребни повеќе од 4.500 години при слично лабораториско истражување. Секои 2 минути поминати во играње на апликацијата заменуваат 5 часа конвенционално истражување. Сите оние кои од Македонија ја играа SEA HERO QUEST, до сега обезбедија податоци за кои би биле потребни испитувања од 163 години, односно досега играта е преземена околу 20.000 пати, а се реализираа околу 600.000 минути игра.

Само за споредба, претходните студии за просторното ориентирање на луѓето опфаќаа не повеќе од 600 испитаници, оттука оваа игра го иновираше начинот на собирање на податоци и овозможи создавање на најголемата база на податоци за човековата просторна ориентација до сега.

Ханс Кристијан Швинген, главниот директор за бренд во Дојче Телеком, изјави: „Позитивната реакција е огромна. Луѓе од целиот свет се инспирираа да ја преземат Sea Hero Quest и да играат за добра цел. Играта се пласираше на најдобрите 20 од 40 пазари на App Store и Google Play и е дури игра број 1 на многу пазари. Тоа само по себе претставува спектакуларен успех како за истражувањето така и за науката. Не запираме тука, минатата недела воведовме 2 нови света во играта со цел повторно да ги привлечеме играчите да одвојат дел од своето време за да им помогнеме на научниците во борбата против деменцијата.“


Лицата на фотографијата (од десно кон лево):
Jason Romeyko (Saatchi & Saatchi), Проф. др.Michael Hornberger (University of East Anglia) и Hans-Christian Schwingen (Deutsche Telekom) со членка на жирито.

Концептот на „Sea Hero Quest“ беше мотивиран од желбата да се поттикнат луѓето да играат за добра цел и беше реализиран во партнерство со светски реномирани експерти во своите соодветни полиња. Бидејќи светската популација поминува 3 милијарди часови во играње онлајн игри и игри за мобилен телефон, целта беше не само да се прикаже таа сила, туку да се отиде понатаму и да се допре до колку што е можно поширока публика и да се признае улогата на мобилната технологија во секојдневниот живот.

Во моментов, во светот над 47 милиони лица живеат со деменција, а се проценува дека овој број ќе порасне на 135 милиони до 2050 година. За многу лица коишто живеат со деменција, еден од првите симптоми е губењето на просторна ориентација, бидејќи ја губат способноста да се ориентираат дури и на добро познати места и средини. Креирањето глобален стандард со „Sea Hero Quest“ за тоа како се ориентираме е широко признаено како еден од клучните чекори кон развивањето нови дијагностички тестови за болестите коишто предизвикуваат деменција.

За повеќе информации, посетете ја страната www.seaheroquest.com или #gameforgood

Награди коишто Sea Hero Quest ги освои на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions:

Gold Lion Promo & Activation: Use of Mobile
Silver Lion Promo & Activation: Commercial Public Services
Silver Lion Health: Education & Services
Silver Lion Pharma: HCP Devices & Diagnostic
Silver Lion Direct: Use of Data
Silver Lion Cyber: Innovative Use of Social & Community
Bronze Lion Mobile: App Games
Bronze Lion Mobile: Social Gaming & Competition
Bronze Lion Entertainment: Innovation in Branded Games



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...