Повеќенаменски „smart“ материјал

Истражувачите од Washington State University (WSU) развиле уникатен, мултифункционален smart материјал кој може да менува форма како и самиот да се составува или размонтира кога е изложен на одредена светлина или топлина. Сега засега е пополнет привремен патент за нивната работа.



Ова е првпат некој да успеал да комбинира неколку „smart” способности во еден материјал – тука вклучувајќи ги движењата активирани со светлина, способностите за само-лекување и меморија на формата.

Ваквите материјали кои реагираат на надворешни стимуланси како светлина или топлина имаат мноштво на потенцијални апликации – како разни активатори, системи за испорака на лекови, или уреди кои самите можат да се состават. На пример, smart материјалите би можеле да ја променат формата на соларниот панел вграден на вселенски сателит, без потреба од механички уред кој тоа би го правел напојуван од некаков вид на батерија.

Лошата страна е што тие се тешки за изработка и често пати можат да вршат само една функција, а истражувачите имаат потешкотии да произведат материјал чии специјални карактеристики можат континуирано да се повторуваат.

Тимот од WSU работел со класа на молекули со долг синџир, наречени LCN (Liquid Crystalline Networks), кои на материјалот му даваат уникатни карактеристики и реагираат на топлина. Потоа, биле додадени групи на атоми кои реагираат на поларизирана светлина биле користени динамични хемиски врски за да се подобрат репроцесирачките способности на материјалот.

Материјалот кој бил добиен реагирал на светлина, можел да си ја запомни формата при превиткување и одвиткување, и можел самиот да се „залечи“ доколку бил оштетен. На пример, гребнатина од жилет можела да се поправи доколку тој се изложел на ултравиолетова светлина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...