Невидлив за голо око наноскопски воден печат

Nanoga (швајцарска стартап компанија) развила техника за ставање на наноскопски watermark (воден печат) врз стакло или керамика. Продуктите кои би го имале би биле скоро невозможно да се фалсификуваат бидејќи, меѓу другото, тој би бил невидлив за голото око и би се појавувал само под ултравиолетова светлина.



На овој начин, секој продукт може да се направи уникатен без притоа да му се менува надворешниот изглед. Техниката првично била развиена за високо-квалитетни часовници од сафир, но Nanoga го патентирале системот за фотонскиот воден печат врз стакло, керамика и метал.

Процесот за негова изработка се состои од скапа машинерија и таен рецепт за хемикалиите кои се користат и кој е заштитен со патентот, а крајниот резултат е серија од слоеви од атоми кои се 10 000 пати потенки од човечко влакно и на ниеден начин не го менуваат својството на материјалот врз кој што се аплицирани.

Во машина која вообичаено се користи за изработка на LED-ови, (тајната) супстанца се депонира на површината во облик на пареа. Потоа, преку литографско печатење, одредени региони се активирани со цел да се креира водениот печат. Активираните атоми потоа реагираат кога се изложени на ултравиолетова светлина, при што стануваат видливи за човечкото око. Бидејќи печатењето се одвива со наноскопски димензии, тоа значи дека можат да се додадат детали кои практично би биле невидливи за човекот дури и при ултравиолетова светлина, како што би бил на пример сериски број со големина колку зрно песок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...