Летала со огромен капацитет – иднината на транспортот

Две европски компании се во партнерство да ја развијат идната генерација на летала со голем капацитет, напојувани со графинска ултракондензаторска технологија, кои во иднината можат да станат доминантен начин за пренесување на тежок товар.



Француската компанија Flying Whales (Летечки Китови) се здружила со Skeleton Technologies (водечкиот европски производител на ултракондензатори), со цел да направат летало со капацитет од 60 тона, наречено LCA60T, првенствено наменето за индустриска употреба во Франција и Кина.

Предноста на LCA60T ќе биде неговата можност да транспортира тежок и кабаст товар во просторот долг 75 метри, при брзина од околу 100км/ч, со домет од неколку илјадници километри дневно.

Овие летала би биле полни со хелиум, а енергетската потрошувачка би била мала поради користењето на хибриден електричен погонски систем чија операциона моќ се очекува да биде околу 1.5MW (мегавати), со ултракондензатори изработени од графин кои би помагале при накачување на моќта до 2MW потребна кога леталото ќе се крева, лебди во место или стабилизира.



Примарната дејност на LCA60T би требало да биде транспортирање на сечата на дрва на оддалечени локации, но и на големи товари (во едно парче) како што се турбини за ветер, далеководи за електрична енергија, или делови за авиони. Исто така би можел да пренесува и веќе изградени куќи или згради преку терени непристапни за копнен транспорт.

Кинескиот и францускиот премиер уште минатата година имаат потпишано договор за соработка и инвестиции помеѓу компаниите Flying Whales и China Aviation Industry General Aircraft (AVIC General), што значително би требало да го олесни остварувањето на овој проект чие индустриско производство се очекува да започне во 2021.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...