Pokémon Go го полуди светот – стана попопуларен и од порнографија

Пред една недела, се појави играта Pokémon Go, која направи вистински бум во светот и кај нас. Програмерите во Niantic буквално се фаќаа за глава поради огромниот број на симнувања на мобилната игра. Pokémon Go ја надмина популарноста на Candy Crash, а до крајот на неделата се очекува и да ги надмине корисниците и на Snapchat. Од Google пак објавуваат дека корисниците многу повеќе го пребаруваат Pokémon Go, отколку порнографски содржини!



Во играта бркате различни Покемони и тоа во реален свет. Откако ќе уловите еден Покемон, тој станува дел од вашата колекција, а потоа можете да ги тренирате или да се борите со другите играчи. За да уловите повеќе Покемони треба да се движете во реалниот свет бидејќи играта ја користи мапата на градот во кој се наоѓате. Милиони корисници се фалат дека играта е позитивна затоа што премногу се движат во природа.

Сепак, поради оваа игра се случија и неколку несреќи. За да го уловите Покемонот, мора да гледате во вашиот мобилен телефон, а имало случаи каде што се предизвикувале сообраќајни несреќи. Забележана е и бизарна ситуација кога еден тинејџер нашол мртво тело додека го барал Покемон во шума. Дури и крадците ја искористуваат играта. Ги наведуваат луѓето во потрага по ретки Покемони на осамени места и таму ги ограбуваат.



И додека светот се занимава, програмерите на Niantic тријат раце. Објавија дека наскоро ќе воведат и спонзорирани локации, што ќе им донесат поголема заработка. За само неколку денови вредноста им пораснала за 9 милијарди долари!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...