Вашингот Пост - Вашингтон

Pokemon Go - интересна игра и потенцијална опасност

Играта за мобилни телефони Pokemon Go го „збудали“ светот, бидејќи им овозможува на корисниците во реалниот живот да ја истражуваат околината и на одредени локации да фаќаат виртуелно суштество од играта, вид на забава, дури и корисна, која меѓутоа со себе носи и можна опасност.



Инсталацијата на играта Pokemon Go , имено, не го врзува корисникот за компјутер со часови, напротив му овозможува да биде надвор од дома и играта да ја мине во шетање на чист воздух.

Меѓутоа, најновите информации од САД предупредуваат на ниту малку наивна опасност која демне во таа игра, но и приказните на поединци, кои се соочиле со проблеми, бидејќи нивните домови и објектите во кои работат се нашле на удар на Покемон.

Меѓу осумте најчудни состојби кои се случиле при користењето на оваа најнеобична апликација досега, која ја креираше „Нинтендо-Ниантик“, е дека Покемоните можат на пример да се фаќаат и во Музеј на холокаустот во Вашингтон.

Имено, музејот бил принуден на посетителите да им забрани да ја играат популарната игра во нивните простории, оценувајќи го тоа како многу неприкладно, бидејќи се работи за место посветено на жртвите на нацизмот.



Директорот на музејот за односи со јавноста Ендрју Холингер за „Вашингот Пост“ рече дека се принудени да бараат музејот да биде исклучен од понудените локации.

- Технологијата може да биде важно оружје за учење, но оваа игра е многу оддалечена од нашата едукативна и меморијална мисија, рече Холингер.

Тинејџерката Шејла Вигинс, на пример, истражувајќи река во рурална средина на Вајоминг, во обид да го фати Покемон, во водата открила мртво тело.

- Веројатно никогаш не би одела таму да не беше оваа игра, изјави 19-годишната Шејла за Си-Ен-Ен.

Во областа Офалон, во државата Мисури, четири тинејџери извеле десетина вооружени кражби, така што жртвите ги намамувале на непристапни терени со апликацијата „ Pokemon Go .



Свештеникот Серџан од Масачусетс открил дека неговата куќа, која се наоѓа во рамки на црквата, станала тренинг центра за играта, откако затекнал десет лица како шетаат во неговиот двор гледајќи во своите телефони.

- Да се живее во стара црква значи многу нешта. Денес тоа значи дека мојата куќа е центар за тренинг, објави тој на својот налог на Твитер.

А еден американски војник кој се бори против ИД во Ирак го фатил Покемон на самата линија на фронтот.

Поранешниот американски маринец Луис Парк од линијата на фронтот на социјалните мрежи се пофалил со снимка од својот телефон на кој се гледа Покемон, кој седи на врвот на неговиот автомат.

- Штотуку фатен. Мојот прв Покемон на линија на фронтот во Мосул, кај Телескуфаџ, напиша тој на својот пост.

Можеби најинтересниот случај е на Џонатан Териот од Тексас, кој објави фотографија од еден од јунаците на Покемон како седи на кревет во кој неговата жена се породува.

- Доказ за тоа какво лудило предизвкува играта Pokemon Go е настанот што се случи во петокот околу 23 часот по локално време во њујоршкиот „Централ Парк“ каде се собраа стотици луѓе со дел „да го уловат“ реткиот покемон Ваперон.

Многу „играчи“ се движеа низ улицате на Њујорк, а еден дути го оставил својот автомобил на среде пат за да и се придружи на толпата.

Играта се повеќе се шири низ целиот свет, па не треба да изненади ако наскоро видиме слични сцени во лов на покемони и низ други држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...