„Природна“ животинска кожа од лабораторија

Бруклинска стартап компанија Modern Meadow („Модерна ливада“) основана во 2011, обезбедила 53.5 милиони долари фондови кои ќе и овозможат да развие вистинска кожа, но израсната во лабораторија – наместо одрана од животни.



Нивниот бизнис модел би можел да го заврши касапењето на животни поради нивната кожа, но и би го намалил физичкиот и хемиски процес потребен да се произведе кожа по традиционален пат.

Биофабрикацијата вклучува дизајнирање, растење и составување на колаген (покрај останатите протеини) потребен за изработка на биолошки идентична кожа на онаа „вистинската“ минус несаканите детали кои го прават традиционалниот процес за изработка на кожа токсичен, бидејќи новиот материјал нема мускулни влакна или масти во него. Бидејќи лабораториското производство дава далеку повеќе контрола, дизајнерите би можеле да нарачаат кожа со специфични карактеристики според нивните потреби, наместо да одбираат она што е веќе готово на располагање од животните.



Еден од поголемите предизвици со кои што Modern Meadow сè уште се соочуваат е оваа биофабрикувана кожа да има цена достапна за широкиот пазар – сегашната продажба на добра од природна кожа (вклучувајќи го багажот, облеките и разни модни додатоци) се очекува да достигне 91 билиони долари глобално до 2018-та.

Компанијата има намера, покрај кожата, да произведува и лабораториско месо. Сега засега сето ова ги има поминато истражувачките и развивачки фази, а обезбедените фондови би требало да и овозможат да го започнат и процесот на масовна продукција во нивната прва фабрика која би се направила во New York.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...