DARPA хакерски предизвик

Седум целосно автономни компјутери ќе водат историска „битка“ во Лас Вегас наредниот месец, кога ќе пробаат меѓусебно да се хакираат без никаква надворешна човечка помош.

Финалето на DARPA’s Cyber Grand Challenge (CGC) ќе се одржи на 4-ти август (помеѓу двете најголеми хакерски конференции – Blackhat USA и DEFCON) и најверојатно ќе докаже дека машините можат да ги победат и најдобрите човечки хакери.



Mike Walker (програмскиот менаџер на CGC) на прес конференција објаснил дека обично грешките во софтверите знаат да поминат незабележани и по 312 дена, за кое време често се експлоатирани од хакерите. Откога човекот ќе ги забележи, потоа е потребно истите да се разберат, поправат, и објават на пошироката јавност.

CGC цели кон тоа овој процес комплетно да се револуционизира, така што наместо да се чека скоро година дена за пронаоѓање на грешки, истите автоматски да се „средуваат“ за неколку минути, па и секунди.

На седумте тимови финалисти им биле дадени компјутери конструирани од DARPA и нивна задача била да ги испрограмираат да се способни да ги препознаат и разберат грешките во новите софтвери и да ги поправат. Откога предизвикот официјално ќе започне, тие нема да смеат да ги пипнат компјутерите, туку сè ќе зависи од нивната испрограмирана вештачка интелигенција. Тие ќе треба паралелно да си ги скенираат сопствените системи за проблеми (и да ги решат), но и останатите системи (чии грешки нема да можат да ги хакираат, туку ќе ги испраќаат преку порака на судиите кои ќе проверат дали истите можат да ја крахираат другата машина).

Победничкиот тим ќе си оди дома побогат за 2 милиони долари, додека другите позиции ќе добијат 1 милион (втората) и $750 000 (третата)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...