Тетоважи за мерење на активноста на мускули и нервни клетки

Истражувачи од Tel Aviv University развиле нови привремени „електронски тетоважи“ кои можат да ја мерат активноста на мускулите и нервните клетки. Тетоважата е направена од јаглеродни електроди ставени на леплив материјал кој се става на кожата, премачкана со кондуктивен полимерски слој базиран на нанотехнологија со кој што се подобруваат перформансите на електродите. Таа е способна да снима јак и постојан сигнал кој трае по неколку часа, без воопшто да ја иритира кожата.



Една од поважните намени која ќе ја имаат овој нов тип на електроди е мапирање на емоциите преку набљудување на изразите на лицето преку електричните сигнали добиени од фацијалните мускули. Ова е многу подиректно и комотно решение, во споредба со останатите методи кои истото го прават преку користење на фотографии и разен тип на софтвер.

Првенствено, ваквата тетоважа била развиена како алтернатива за електромиографија – тест со кој што се испитува здравјето на мускулите и нервните клетки, бидејќи таа процедура е непријатна поради тоа што пациентот мора да лежи мирно во лабораторија по неколку часа, додека во мускулните ткива му се брцнуваат игли кои ги снимаат електричните активности на мускулите и нервите.



Податоците превземени од овие електронски тетоважи би можеле да се користат за студирање на вниманието на возачите на патиштата, или на контролата на мускулите кај пациенти кои се рехабилитираат од мозочен удар или некоја мозочна повреда.

Електродите се резултат на проект на European Research Council (ERC), а нивното развивање го имаат подржано и BSMT (Brain Stimulation-Monitoring-Treatment) конзорциумот на Израелското министерство за економија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...