Smart прозорци кои сами се затемнуваат

Истражувачи од Massachusetts Institute of Technology (MIT) развиле прозорец кој самиот може брзо да ја менува проѕирноста од потполно транспарентен до темен.



Овој smart прозорец е направен од електрохромични материјали, кои можат да ги менуваат карактеристиките под влијание на електричен напон.

Во споредба со фотохромичните материјали кои се употребуваат во очилата и леќите кои бавно се затемнуваат кога се изложени на јака светлина, електрохромичните можат многу побрзо да ја сменат проѕирноста. Такви материјали се користат во прозорците на Boeing 787 авионот, иако на нив им треба неколку минути за да ја сменат бојата.

Тимот од MIT успеал овој процес да го забрза со користење на порозни компоненти наречени метално-органски рамки, кои спроведуваат електрони и јони со високи брзини, со тоа овозможувајќи забрзана реакција.

Истражувачкиот тим во претходните студии со ваквите материјали успеал да направи материјал кој ја менувал бојата од проѕирна до сина или зелена, а за да во новата студија се добие (скоро) црна боја, тие измешале две комплементарни бои – зелена и црвена.

Додека повеќето постоечки електрохромични материјали бараат постојан електричен напон за да работат, овој smart прозорец штом ја смени бојата може да ја одржува таа состојба со воопшто, или многу малку напон, а електрицитет му е потребен за да се врати во првобитната состојба – од црна во проѕирна.

Истражувачите велат дека ваквиот тип на прозорци има многу поголем потенцијал отколку само да го спречува отсјајот – со нив би можело да се заштеди на енергија со редуцирање на потребата за климатизација во згради со многу прозорци, кои се наоѓаат во места со топла клима. Целиот процес на затемнување може да е на копче, или автоматски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...