Растеглив екран на допир за било која површина

Нова растеглива површина осетлива на допир (touchpad) може да се користи за да се пишуваат зборови, свири на клавијатура, играат видео игри, а еден ден би можела и да биде имплантирана во телото.

Скоро секој уред денес користи touchscreen или touchpad од некаков тип, но тие не можат да се постават врз флексибилна површина каква што е човечкото тело. Научниците досега имаат произведено растегливи панели осетливи на допир изработени од јаглеродни нанотуби, метални наножици и слични напредни материјали, но нивните перформанси значително ослабувале штом се растегнат. Подеднакво лош ефект било и тоа што се распаѓале по одреден број на растегнувања.



За да ги надминат овие проблеми, научниците од Seoul National University креирале тачпад направен од еден вид на мек и исклучително растеглив хидрогел кој се користи за изработка на меки контактни леќи. Хидрогелот се состои од литиум-хлорид соли, кои се електрични спроводници и му помагаат на материјалот да ја задржува водата за да остане мек.

Функционира на тој начин што на четирите ќошеви се пушта електрицитет со ниска волтажа, а бидејќи сигналите се во иста фаза, хидрогелот функционира како кондензатор низ кој не тече струја се додека човечкиот прст не дојде во контакт со него. Тогаш електричното коло се затвора, струјата пропорционално се движи кон секој од ќошевите, а во зависност од тоа колку блиску е прстот до одредениот ќош, сензорите ја мерат таа разлика и ја одредуваат положбата на прстот.



Touchpad - от кој е транспарентен и пропушта 98% од видливата светлина, функционирал дури и кога бил растегнат на 10 пати поголема површина отколку неговата, како и кога бил обвиткан околу рака.

Неговите перформанси почнале да се намалуваат после 100 циклуси на растегнување, а причината за тоа било испарувањето на водата од хидрогелот. За понатамошен прогрес, научниците мора прво да го решат овој процес на сушење на материјалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...