Сателит за квантна криптографија

Кина успешно го лансираше првиот сателит во светот способен за квантна криптографија, а е наречен Micius, според античкиот Кинески научник и философ. Тој ќе тестира технологија која еден ден може да понуди дигитална комуникација која ќе биде невозможно да се хакира.



Сателитот ќе функционира така што ќе креира парови од таканаречени заплеткани фотони – малечки суб-атомски честички светлина чии карактеристики се зависни едни од други, испраќајќи половина од секој пар назад во базните станици во Кина и Австрија.

Квантната состојба на овој специјален вид на ласер нема да може да се набљудува без да се измени, што значи дека доколку сателитот во таа квантна состојба енкодира енкрипциски клуч и некој го пресретне тој сигнал, тоа пресретнување веднаш ќе се детектира и клучот ќе биде сменет, правејќи го стариот бескорисен.

Доколку функционира како што треба, ваквиот начин на заштита ќе го реши главниот проблем кој го имаат енкриптираните комуникации, а тоа е како да се дистрибуираат клучевите без некој да ги пресретне.

Копнени оптички мрежи со ваков тип на заштита веќе постојат во Европа, САД и Кина, но ова е првпат нешто слично да биде пробано од Вселената. Еден од поголемите предизвици со кои што ќе се сретнат научниците ќе биде како ситните суб-атомски честички прецизно да ги испраќаат накај земјата, земајќи ја в предвид огромната дистанца која притоа и ќе ги ослабува нивните сигнали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...