Литиум-метал батерија со дупло поголем капацитет

SolidEnergy Systems, компанија основана од Qichao Hu кој доаѓа од MIT и е нејзин извршен директор, најави дека наскоро ќе направи литиум-метал батерија која ќе може да се полни и која ќе има дупло поголем капацитет од сите комерцијално достапни батерии денес.



Тој вели дека со дупло поголема густина на енергијата, тие можеле да направат батерија која ќе трае исто колку и сегашните литиум јонски батерии, но ќе биде дупло помала, или пак батерија со иста големина како литиум јонските, но која ќе трае дупло повеќе.

Продуктот на SolidEnergy Systems е литиум-метал батерија без аноди, идеална за користење во електрониката како што се смартфоните, таблетите, смарт-часовниците и сл., па дури и во електричните автомобили и дронови.

Денешните батерии обично користат графит како материјал за анодите, а за да го дуплираат енергетскиот капацитет, SolidEnergy го замениле со тенка, високо-енергетска литиум-метална фолија која може да задржува повеќе јони. Продуктот е направен побезбеден со неколку хемиски модификации, а за негова изработка е потребна производствена опрема идентична како онаа за литиум јонските батерии.

Прототипот на оваа батерија бил прикажан уште во октомври 2015, што развило интерес и поддршка од разни инвеститори кои инвестирале над 12 милиони долари во овој проект.

Батеријата ќе започне да се вградува во дроновите почнувајќи од ноември годинава, а би можела да е на располагање за смартфоните до 2017-та, и за електричните автомобили до 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...