„Зелена“ електроника: Од бактерии до жици

Истражувачи од University of Massachusetts во Амхерст генетски модифицирале бактерии од почвата за да произведуваат наножици способни за спроведување електрицитет, што може да доведе до нова генерација на „зелена“ електроника за која што наножиците ќе бидат произведувани од отпад од растенијата, без потреба од токсични хемикалии.



Истражувањата во врска со ова започнале уште во 2011 од страна на Derek Lovley, професор од UM Amherst. Бактериите кои тој ги користел се наречени геобактери и во себе содржат протеински нишки кои се клучни за нивното растење, бидејќи дозволуваат електрични конекции со железниот оксид во почвата каде што живеат. Иако овие конекции им дозволуваат на геобактерите да преживеат, се верувало дека тие никогаш не би можеле да спроведуваат електрицитет во капацитет кој би бил корисен за употреба во електрониката.

За да тоа го оствари, Lovely ја модифицирал генетиката на бактериите со замена на две нивни амино киселини со триптофан – хемикалијата која ја има во месото од мисирката која наводно не прави поспани и за која се заклучило дека е исклучително добра за транспортирање на електроните.



Последните испитувања покажале дека генетски модифицираните бактерии биле над 2000 пати покондуктивни отколку во нивната природна состојба.

Ваквиот тип на бактерии би можеле да се употребуваат во дигиталната електроника и медицинските сензори, но бидејќи истражувањата се подржани од Канцеларијата за поморски истражувања (ONR - Office of Naval Research), најверојатно е дека на приоритетна листа ќе биде нивно имплементирање во воени апликации. ONR веруваат дека ваквите наножици би можеле да се користат за спроведување електрицитет до микроби кои би произведувале гориво бутанол, како и до микроби кои би биле поставени на силиконски чипови и би се користеле за детектирање на хемикалии како што се експлозивни материјали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...