Достава на пици од Domino’s со дронови

Некои од најголемите светски компании како Amazon и Google веќе ги имаат објавено нивните планови за вршење на комерцијални испораки со дронови, но лесно може да се случи да бидат претркани во тоа од познатиот ланец на пицерии Domino’s.

Domino’s Pizza Enterprises, меѓународната франшиза на овој познат бренд, во Окленд, Нов Зеланд направиле демонстрација на испорака на пица со дрон.



Според Don Meij, извршниот директор на Domino’s Group, компанијата отсекогаш сметала дека нема премногу смисла возила од 2 тона да испорачуваат порачки од 2 килограми, и изјавил дека користењето на дронови е наредна фаза на експанзијата на компанијата, која што ќе им овозможи да ги учат и адаптираат новите технологии за да си го подобрат бизнисот.

За потребите на оваа демонстрација, Domino’s ги здружиле силите со компанијата за испорака со дронови Flirtey, која доколку добие дозвола од регулаторната комисија, ќе почне да врши пробни испораки до домовите, подоцна оваа година.



Ваквиот тип на испорака ќе им овозможи на Domino’s да стигнат и до поруралните средини, како и до урбаните за многу пократко време отколку досега.

Инвестициите на компанијата во нови технологии се една од причините за нејзиниот скорашен успех, кога акциите на американскиот бренд достигнале врвни бројки – $151.10 по акција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...