Replantable Nanofarm – мини домашна фарма

Nanofarm на компанијата Replantable е иновативна нова машина со чија помош може да се растат свежи продукти за јадење во самата кујна.



Се работи за малечка домашна „фарма“ која се состои од кабинет, послужавник за вода, елемент во кој што се садат растенијата, како и светлосен елемент кој ја овозможува жетвата. Кабинетот има три контроли – бројот на недели потребни за продуктот да израсне, копче за старт и копче за жетва. Replantable Nanofarm му овозможува на секој, па макар и на оние кои немаат апсолутно никакво претходно искуство со растенија, да размножува прехрамбени продукти по дома, без потреба од дополнителен простор за градина или време за нејзина обработка.

Овој проект започнал како едноставен хидропоничен систем каде што корисниците требало мануелно да ги засадат семињата и додаваат ѓубриво, меѓутоа фидбекот од прототипите кои биле испраќани на првите муштерии не бил баш позитивен – тие се жалеле дека уредот барал премногу мануелна работа. По ова, мини-фармата била преправена да функционира само со едно вклучување, а сета останата работа ја завршува сама.



Nanofarm е направена од исклучително издржливи материјали – кутијата е од природно дрво и челик обложен со прав, вратата е од алуминиум отпорен на корозија кој се користи во изработката на морски пловила, а стаклото на вратата е направено така да ја задржува светлината внатре, наместо да ја испушта во просторијата. Покрај сето ова, вграден е и скоро бесшумен вентилациски систем кој им обезбедува јаглерод диоксид на растенијата, и од фармата го исфрла водухот збогатен со кислород во просторијата.

Цената се очекува да биде околу $350



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...