WiSci – гаџет за проверка на зрелоста на овошјето

Истражувачи од MIT направиле малечок гаџет, т.е пренослив спектрометар со кој што ќе може да се проверува зрелоста на овошјето, наречен WiSci (Wireless Spectrometer).



Oвој уред со должина од околу 8цм би можеле да го користат фармери за определување кога е најдобар период за берба на јаболки и останато овошје, а би имал примена и во складови каде што овошјето и зеленчукот би се проверувале за зрелост. Тој би можел да се адаптира и за потрошувачите, кои со негова помош би избегнувале купување на презреани или скапани продукти

Прехранбената индустрија денес користи две методи за тестирање на зрелоста на јаболките – едната е со мерење на нивната цврстина со пенетрометри и скелерометри (кои користат сила за внесување на сонда во плодовите), а другата е со мерење на шеќерот во сокот користејќи светлосна рефракција. И двете методи се деструктивни, па така истражувачите од MIT искористиле друго, недеструктивно решение – оптичка спектроскопија.



WiSci се состои од чип со спектрометар, ултравиолетов LED, оптички филтри, Bluetooth модул за безжичен трансфер на податоците, Arduino микроконтролер за конверзија на сигналите од аналогни во дигитални, и литиум-јонска батерија која може да се полни - сето ова сместено во малечко 3D принтано куќиште.

За да се тестира зрелоста, овошјето се осветлува со UV светлина. Потоа, спектрометарот ги мери флуоресцентните емисии од хлорофилот во лушпата, кој е индикатор за растот, хранливите материи и соединенијата на бои во овошјето. Како што тоа зрее, така опаѓа силината на флуоресценцијата.



Уредот овие податоци ги испраќа безжично во смартфон, каде што апликацијата направена од истиот истражувачки тим ги складира и анализира податоците. Тестовите вршени во тек на неколку недели покажале исклучително веродостојни резултати.

Истражувачите планираат да објават open source платформа која ќе ги содржи сите информации потребни за WiSci да се реплицира и понатаму да се развива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...