Skinterface VR одело

Досега конзументите имаа пристап до висококвалитетни содржини со VR (Виртуелна Реалност) преку уредите како Oculus Rift и HTC Vive, a нареден чекор во еволуцијата на VR се очекува да е технологијата за следење на погледот. Но, една група девелопери решила да тргне во сосема друга насока – да овозможи тактилен фидбек низ целото тело кога, на пример, виртуелниот ветер или објект ќе го допре ликот, преку нешто што го нарекуваат Skinterface ( името доаѓа од кожа (skin) + интерфејс)



Тимот од Лондонскиот Royal College of Art го креирал ова целосно одело кое е прекриено со мрежа од јазли составени од малечки активатори кои користат звук за да ги придвижуваат малечките магнети кои се наоѓаат под нив. Кога до јазлите ќе дојде одреден звук, тие испраќаат звучна форма која го вибрира магнетот – различни звуци генерираат различни вибрации.



Секој од овие јазли е со различна боја, овозможувајќи на 3D камерата да ги следи движењата на оделото. Како што ликот се движи низ виртуелниот простор, оделото ќе генерира различни сензации кои ќе можат да се почувствуваат низ целото тело. Наредниот чекор на тимот кој стои зад овој проект е да им овозможи на корисниците да ги чувствуваат виртуелните објекти во нивните раце.

Главната идеја зад Skinterface е дека кожата е човечкиот интерфејс со физичкиот свет, и дека како резултат на тоа, таа треба да биде главен интерфејс и во дигиталниот свет – во спротивно, луѓето се само набљудувачи низ виртуелен прозорец прицврстен на нивното лице (во форма на VR наочари или кацига).



Допирот е само една од главните цели кои треба да се остварат за придвижување на VR технологијата напред – компании как Emteq моментално работат на технологија која треба да ги внесе емоционалните интеракции во виртуелната реалност (во 4-тата VR генерација), додека пак Veeso работат на VR уред со технологија за следење на движењата на лицето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...