Прогласени победниците на 10-та Балканијада на млади информатичари

  •  Фондацијата Телеком за Македонија ја поддржа овогодинешната Олимпијада на младите информатичари на Балканот

На свеченоста одржана вчера вечер во Телеком иновативниот центар во Скопје, беа прогласени победниците на десеттата Јуниорска балканска олимпијада по информатика.

Овој врвен натпревар во програмирање, кој се одржа од 17 до 21 септември обедини 9 земји учеснички и вкупно 39 учесници јуниори до 15 годишна возраст.

На настанот беа прогласени најдобрите натпреварувачи, меѓу кои беа и претставниците на Македонија - Марко Чаласан го освои сребрениот медал, а бронзени медали освоија: Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева. Со златни медали се закитија претставници на Молдавија, Бугарија и Романија.

Манифестацијата беше организирана од Здружението на информатичари на Македонија со поддршка на Министерството за информатичко општество (МИОА).

Јуниорската балканска олимпијада по информатика, се одржува по десетти пат со учество на членки на Балканската иницијатива: Македонија, Кипар, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Словенија.

Фондацијата Телеком за Македонија ја поддржа манифестацијата и беше домаќин на свеченото затворање и доделување на медалите на оваа десетта по ред јубилејна Олимпијада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...