EQ-Radio, уред за безжично „читање“ на емоции

Одредувањето на нечија емоција само врз основа на фацијалните експресии не е секогаш лесно, ниту пак добиените заклучоци се секогаш точни. Истражувачи од лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција од MIT создале нова технологија со чија помош можат да се измерат и најсуптилните промени во ритамот на срцето и дишењето, што на истражувачите би им овозможило прецизно да детектираат дали личноста е среќна, тажна, возбудена, или лута.



Уредот е наречен EQ-Radio, и функционира така што испраќа безжични сигнали кон телото на личноста која што се „тестира“, кои потоа се рефлектираат и се враќаат назад во него. Потоа, неговите алгоритми за екстракција го делат сигналот (на пр., од чукањето на срцето) на индивидуални отчукувања, и ги анализираат малечките варијации во нивните интервали, со што се одредува степенот на возбуда и позитивно влијание. На овој начин може да се одреди и емоцијата на личноста – кога сигналот покажува слаб степен на возбуда и негативно влијание, уредот ја регистрира емоцијата како тажна, додека висок степен на возбуда и позитивно влијание се интерпретира како (позитивна) возбуда. Точноста на анализите изнесувала околу 87%.



EQ-Radio би бил корисен за употреба во забавните индустрии (како и оние кои се занимаваат со истражување на однесувањето на конзументите), а би имал и огромен потенцијал во дијагностиката и здравствената индустрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...