Sgnl – алка која прстот ви го претвора во телефон

Sgnl е нов гаџет за кој моментално има кампања на Kickstarter, и кој е дизајниран да ве направи да се чувствувате како таен агент од филмовите.Тој овозможува да вршите телефонски повици само со носење на специјална алка и допирање на увото со прстот.



На самиот уред не постои никаков звучник – наместо тоа, аудио сигналот се пренесува до увото преку вибрации кои се праќаат низ телото, во зглобот, па до прстот кој го допира увото, додека во алката е вграден само микрофон.

Sgnl доаѓа од Innomdle Lab, стартап кој е оформен од екипа која порано била дел од Samsung, а ќе се продава по $139 „парче“.



Она што е интересно кај Sngl е тоа дека не само што се носи како алка, туку може да се користи и како каивче за часовник – обичен или smartwatch, и тоа Apple Watch, Samsung Gear или Pebble Time.

Sngl е дефинитивно интересен, а може да се рече и тотално непотребен начин да се зборува на телефон, иако се сомневаме дека најголемата употреба ќе му биде во лажни телефонски повици, кога сакате некого да „откачите“ - доволно ќе биде само да си брцнете прст во увото и да речете дека имате итен повик (иако телефонот не ви ни заѕвонел) :)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...