Nike HyperAdapt – патики како од „Враќање во иднината“

Пошироката маса на луѓе не се премногу запознаени, ниту пак се интересираат за технологијата за изработка на обувки, меѓутоа таа е исклучително развиена – доказ за тоа се компании како Nike или Adidas, чија заработка е огромна токму поради постојаното инвестирање во нови технологии.

Оние кои ги имаат гледано „Враќање во иднината“ филмовите, сигурно ги памтат футуристичките Nike патики без врвки, кои самите се стегаа. После многугодишни претпоставки дали нешто такво ќе стане реалност, Nike на пазарот конечно ќе исфрли модел на патики кои самите се стегаат, наречен HyperAdapt.

Тоа ќе се случи на 28 ноември оваа година, а за почеток патиките ќе можат да се купат само во одредени продавници во САД, и се очекува да имаат „солена“ цена.

Врвките кои се проткаени низ целата внатрешност на патиките се направени од стандарден рибарски конец која издржува 90kg притисок, и се поврзани со специјален мотор кој ги стега во зависност од формата на стапалото – технологија која Nike ја нарекуваат „adaptive lacing” (адаптивно врзување врвки). Видливите „обични“ врвки на предниот дел на патиката се таму повеќе како визуелна декорација.

Кога стапалото ќе се стави во патиката, сензорите автоматски ја прилагодуваат патиката според стапалото, а затегнатоста на врвките може да се менува преку двете копчиња близу до јазикот.

Покрај тоа што самата се врзува, на страничниот и заден дел од ѓонот се наоѓаат LED светла кои сигнализираат кога моторот на патиките треба повторно да се наполни. Батериите бараат околу 3 часа за потполно да се наполнат и траат околу 2 недели со едно полнење, а тоа се прави со специјален магнетен полнач кој се закачува за долниот дел од патиката.

Nike HyperAdapt се наменети првенствено за атлети, меѓутоа од нив огромна корист ќе имаат и оние кои имаат потешкотии при врзувањето на патики, како што се луѓе со хендикеп, кои немаат прецизна моторна контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...