Uber со план да нуди превоз со летала

Во интервју за време на една конференција, Џеф Холден, шефот за продукти на компанијата Uber,изјави дека компанијата истражува начини како да овозможи услуга со кратки летови, користејќи летала кои полетуваат вертикално.

Холден рекол дека сака Uber да може да им нуди на своите муштерии разни начини за патување и дека летачката опција би можела да почне да функционира во наредната декада.

Процесот на вертикално полетување (кој го користат хеликоптерите), му овмозжува на пилотот лесно да ја контролира височината на летање. Од Uber сакаат да ја спојат оваа технологија, со онаа на дроновите. Тоа би вклучувало изработка на фиксни крилја и повеќе од еден ротор, со можност во иднина леталото да биде и комплетно автономно.

Оваа услуга би се користела за превоз на патници од кров на кров на зградите во големите градови, со што, покрај побрзото стигнување на саканата дестинација, значително би се растеретил сообраќајот долу на улиците.

Иако постојат проблеми кои ќе треба да се решат од типот на спречување на судари во воздухот, Холден е сигурен дека развојот на вакви летала бргу ќе напредува, според искуството на експерименталниот авион со вертикално полетување и слетување VTOL X-Plane на DARPA.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...