OMbra smart спортски градник на иднината

Голем број од оние кои што се страствени тркачи користат разни фитнес тракери или смартфон апликации со кои што водат евиденција за бројот на потрошени калории, пулсот и сл.

OMbra е парче технологија која што може да се носи, наменета за женскиот пол – се работи за smart спортски градник кој нуди далеку повеќе опции од разните тракери и smart часовници.

OMbra е производ на компанијата OMsignal, и е прв smart спортски градник воопшто. Изгледа одлично и нуди неверојатна потпора, а неговите сензори (кои се беспрекорно вградени) податоците ги испраќаат во специјалната смартфон апликација наречена OMrun.

OMrun е револуционерна платформа наменета за тркачи чија цел е да им помогне да си ги подобрат тркачките перформанси. Покрај основните информации врзани со далечината, темпото, пулсот и потрошените калории, OMrun дава информации во врска со:

- Ритамот на дишењето. Што по ритмички се дише, толку помалку се напрега респираторниот систем, кој знае да потроши и до 15% од енергијата потребна за трчање доколку дишењето е неправилно

- Биометрискиот напор. Тоа е нивото на напор кое телото го користи за секое трчање, и се пресметува со помош на отчукувањата на срцето, стапката на дишење, и варијабилноста во отчукувањата на срцето. Биометрискиот напор дава приказ колку сте го довеле телото до неговата граница, и помага за избегнување на прекумерно тренирање.

- Биометриски тренер. Овој виртуелен тренер ги споредува биометрискиот напор со целниот напор, и помага правилно да се припремите пред трчањето. Биометрискиот тренер на OMsignal ќе ве води низ трката со сугестии во врска со ритамот на дишењето, темпото и сл.

Градникот ќе чини околу $70, а компанијата во својата понуда наскоро ќе има и машка маица за трчање, наречена OMshirt.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...