Транспарентен TV од Panasonic

Од појавувањето на телевизорите со рамни екрани, ништо особено возбудливо не се случувало на тоа поле, освен подобрувањето на квалитетот на екраните и на резолуцијата која тие се способни да ја прикажуваат.

Но, што ако телевизорот може да е практично невидлив кога не се користи? ТV со ваков концепт Panasonic претставија на овогодинешниот CES – направен од транспарентен стаклен панел кој тоа му го овозможуваше кога не е вклучен.

Изминатата недела на CEATEC (Combined Exhibition of Advanced Technologies) саемот во Јапонија, Panasonic ја претстави унапредената верзија на овој телевизор, која дава далеку појасна и по осветлена слика од претходниот, благодарејќи на OLED дисплејот (кај претходниот тој беше LED).

Panasonic го опишуваат овој телевизор како „иднината на екраните“, а технологијата со која што е изработен сè уште се чува во тајност, во случај конкурентите да дојдат на слична идеја – иако некои претпоставуваат дека се работи за прецизно изработена тенка мрежа од диоди, вметната во стаклениот панел.

Како што се гледа на сликите, кога TV-то е исклучено, екранот е потполно транспарентен и може да се користи како врата од кабинет.

OLED технологијата бара и многу малку струја за да работи, што им овозможува на панелите да се волку тенки. Поради тоа, многу компании веќе размислуваат и за изработка на флексибилни OLED екрани кои ќе можат да се виткаат, па дури и да се „соберат“ во ролна која лесно ќе се транспортира.

За жал, и покрај (брзиот) прогрес помеѓу двете варијанти на овој транспарентен телевизор, од Panasonic велат дека тој нема да се појави на пазарот во наредните најмалку 3 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...